Поврзете се со нас

Европски купови

Уште едно импресивно издание: Шортс со дабл-дабл партија во новата победа на Париз во Еврокупот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/cesaremilanti

Ти-Џеј Шортс и неговиот Париз се незапирливи во групната фаза на Еврокупот каде во 15. натпревар ја забележаа 14. победа.

Овој пат францускиот претставник како гостин беше подобар од Хапоел Тел Авив со 104:86 и тоа во дуел во кој во прв план беше кој друг ако не македонскиот репрезентативец.

Шортс беше лидер на теренот со дабл-дабл издание од 20 поени (5/5 за еден, 6/7 за два, 1/1 за три) и 10 асистенции, собра 2 скока и имаше 2 украдени топки.

Кај поразените Велс беше автор на 20 кошеви.

Наредната средба за Париз е против шпански Хувентуд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни