Поврзете се со нас

Балкан

Уште едно американско засилување за Црвена Звезда

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkcrvenazvezda

Црвена Звезда веќе активно работи на формирање на што подобар и поконкурентен тим за новата сезона, па така денеска официјализирано е четвртото засилување.

Нов член на „црвено-белите“ од Белград е Мајк Даум кој досега беше дел од Анадолу Ефес. Тој една години се задржа во турскиот великан од каде пристигна од италијанска Дертона Баскет, а претхоно настапуваше во Шпанија во редовите на Обраидоро.

Даум е крилен центар кој сигурно ќе помогне во борбата под кошевите, плус има добар шут од дистанца. Мајк потпише двегодишен договор или поточно 1+1.

Претходно шампионот во АБА лигата ги обезбеди Ајзеа Кенан, Никола Калиниќ и Урош Плавшиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни