Поврзете се со нас

Англија

Уште еднаш покажа дека скромноста е негова најголема одлика: Сон постигна четири голови, а заслугите ги упати на друг фудбалер

Објавено

на

Екипата на Тотенхем вчера на„Сент Мери“ успеа да слави убедлива победа против тимот на Саутемптон со 5:2.

Творци на победата беа Хари Кејн и Хеунг Мин Сон кои беа креатори на сите пет погодоци, од кои интересно четири беа дело на Сон, а на сите четири асистираше Кејн. Петтиот го постигна самиот напаѓач.

Фудбалерот од Јужна Кореа стана само 28 играч во Премиер лигата на кого му успеало да постигне четири голови на еден натпревар, но и покрај тоа тој заслугите ги упати на адреса на Хари Кејн.

– Неверојатно е да постигнеш четири голови на натпревар од Премиер лигата, тоа е голема чест. Но, заслугите одат кај Кејн, не би ги постигнал четирите голови доколку не беше тој. Тој е неверојатен.

– Ми додели четири асистенции и ја заслужува наградата за играч на натпреварот. Заедно работиме пет сезони и одлично ни оди, -изјави харизматичниот Сон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни