Поврзете се со нас

Англија

Уште една трансфер грешка на „ѓаволите“: Го испуштиле фудбалерот за кого сега се спремни да платат богатство

Објавено

на

Раководството на Манчестер Јунајтед предовдено од Ед Вудвард направило уште една трансфер грешка пред околу пет години кога за само 200.000 фунти пропуштиле да ангажираат фантастичен фудбалер.

Имено, Јунајтед во 2015 година се заинтересирал за ангажман на тогаш 16 годишниот стопер на Валенсиен, Дајот Упамекано. „Ѓаволите“ за услугите на младиот фудбалер понудиле 500.000 фунти, но Валенсиен не попуштал и барал 700.000 фунти.

Од Манчестер Јунајтед верувале дека оваа сума е преголема за играч кој има 16 години иако Упамекано во тој момент блескал во дресовите на Франција до 17 години.

Играчот заедно со неговата мајка биле во Манчестер и посакувале да се реализира трансферот во Јунајтед, но до тоа не дошло откако Вудвард одбил да плати плус 200.000 фунти на Валенсиен.

Наместо во Јунајтед, Упамекано продолжил во редовите на Ред Бул Салцбург кој платил 700.000 фунти, а по само две години за девет милиони фунти се преселил во Ред Бул Лајпциг чиј член е и денес.

Денес за Упамекано се распрашуваат многу европски гиганти меѓу кои е и Манчестер Јунајтед, но денешната цена на играчот е далеку, далеку поголема од таа пред пет години. Сега за него Лајпциг бара сума од околу 60 милиони фунти.

– Дајот сакаше да се приклучи на Манчестер Јунајтед, а сумата која требаше да се плати навистина беше ништо. На почетокот тој имаше специјален третман, но потоа од Јунајтед не сакаа да ја подигнат понудата и се заврши, -изјави извор близок до Упамекано за англискиот медиум „Сан“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни