Поврзете се со нас

Англија

Уште една трансфер цел се „лизна“ од рацете на Јунајтед: Познато каде ќе продолжи Шешко

Објавено

на

Манчестер Јунајтед на разочарување на своите навивачи има ужасен трансфер период во кој ангажираше тројца фудбалери, но ниту еден од нив не може значително да го подобри квалитетот на тимот.

Екс стратегот на „ѓаволите“, Ралф Рангник истакна дека на тимот му се потребни најмалку десет засилувања за работата да тргне во позитивна насока, а досега Манчестер Јунајтед донесе само тројца новајлии.

Во јавноста се шпекулираше дека Јунајтед ќе тргне по услугите на Бенџамин Шешко од Салцбург, но и од тој трансфер нема да има ништо.

Имено, младиот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во тимот на Лајпциг со кој ќе потпише петгодишен договор кој ќе започне од наредната сезона, а оваа година ќе ја мине на заем во неговиот актуелен клуб, Салцбург.

Лајпциг на својот сестрински клуб за услугите на Шешко ќе му даде 25 милиони евра, што би било доволно за реализација на трансферот.

Лајпциг освен Шешко го договори и Тимо Вернер, па јасно е дека следната година ќе имаат комплетно нов напаѓачки двоец во Шешко и Вернер, додека тогаш ќе се очекува заминување на Кристофер Нкунку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни