Поврзете се со нас

АТП

Уште една титула за Шпанецот: Алкарас го доби трилерот со Зверев и испиша нова историја (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкарас е победник на овогодинешното издание на Ролан Гарос и тоа откако во финалето успеа по голема драма да слави над Александер Зверев.

Се играат пет пета во Париз, надмудрувањето траеше скоро четири ипол часа, а конечниот резултат на крајот беше 6:3, 2:6, 5:7, 6:1, 6:2. Ова за Карлос е прво славје на Френч Опен, вкупно трет грен слем во кариерата со што испиша историја, односно со 21 година стана најмладиот тенисер кој успеал да слави на оваа сцена на три различни подлоги со оглед на тоа што претходно беше најдобар и на Ју-Ес Опен во 2022 и на Вимблдон во 2023 година.

Овој резултат воедно ќе му го донесе на Карлос второто место на АТП листата, поточно ќе биде зад Јаник Синер, а Новак Ѓоковиќ од утре ќе биде трет светски рекет.

Звевер пак останува без победа на грен слем турнирите, ова е втора загубено финале по она на Ју-Ес Опен пред четири години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни