Поврзете се со нас

Свет

Уште една тажна ракометна вест: Почина голманот Алфредо Кинтана!

Објавено

на

Пред неколку дена ракометниот свет остана без хрватската легенда Златко Сарачевиќ за да потоа стигне веста дека голманот на Порто, Алфредо Кинтана доживеа срцев удар на тренингот на неговата екипа.

Тој веднаш беше хоспитализиран, неговата состојба беше критична во изминативе денови, беше во вештачка кома и многу пораки стигнаа за поддршка, закрепкување, меѓутоа не издржа и почина во 32 година од неговиот живот.

Оваа информација ја потврдија од таборот на Порто кои пренесоа дека срцето на големиот борец престанало да чука. Кинтана беше португалски репрезентативец и во изминативе сезони со своите одбрани се наметна промовираше на големата сцена.

Од оваа сезона негов соиграч беше и нашиот Никола Митревски со кого формираа одличен тандем.

-Секогаш ќе те паметиме како еден од нас. Вистински Змеј. Почивај во мир, -напишаа луѓето од Порто во првата порака на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни