Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Уште една скандинавска лекција за битолчани: Пелистер немоќен против Алборг

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаа пораз и во вториот меч во Лигата на шампионите, прв на гостински терен.

Минатата седмица „фармацевтите“ беа надиграни од Колстад во Битола, додека вечерва не можеа ништо да направат во Данска против Алборг. Амбициозниот домашен тим славеше со 38-23 и со тоа покажа дека нашиот првак е далеку под неговото ниво во овој момент.

Пелистер беше добар само во почетните минути, но потоа Алборг тргна во офанзива, играше се подобро и подобро како што одминуваше времето и на пауза замина со предност од 18-10. Предноста на скандинавците дополнително беше зголемена во второто полувреме за конечни на крајот плус 15.

Влах со седум голови беше прво име во таборот на победникот, додека Петровиќ постигна исто толку погодоци за битолчани.

Во наредната рунда Пелистер го дочекува Кил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни