Уште една ракометарка ги напушти редовите на ЖРК Вардар

lakraber

Александра Лакрабер дефинитивно оваа година ја завршува приказната наречена ЖРК Вардар. Таа се враќа во својата родна земја а причината е потпишувањето нов договор со Флери, каде наредните две години ќе го носи дресот и ќе ги брани боите на овој тим. Стратегот на Флери, Кристог Пасан го потврди овој трансфер и изјави дека тимот догодина ќе биде еден од конкурентите во француското првенство и во европа, по нејзиното доаѓање во клубот.

Facebook Коментари