Поврзете се со нас

НБА

Уште една приказна за големата ѕвезда: Го навредувал Џордан на тренинг, па добил „награда“ за тој потег

Објавено

на

Мајкл Џордан и по завршувањето на документарецот „Последниот танц“ и понатаму е актуелен во јавноста и не по неговата вина туку поради различните реакции за серијалот, но и многу приказни, анегдоти кои се раскажуваат и се поврзани со легендата на Чикаго Булс.

Таква уште една раскажа Ричард Рип Хамилтон кој играше со Мајкл Џордан во последните негови активни сезони во дресот на Вашингтон Визардс, тим во кој легендата ја имаше улогата и на претседател за кошарски операции.

Имено Хамилтон и Ларон Профит тренирале, вежбале со Џордан и знаеле да се провоцираат за да го подигнат нивото на игра, да ја „зачинат“ битката, меѓутоа една прозивка не минала најдобро кај Мајкл.

-Ние постојано го провоциравме Џордан, ама јас зборував само одредени работи. Проф знаеше да каже некои дополнителни работи, не сакам да навлегувам во тоа. Се сеќавам еднаш бевме на тренинг и мислам дека Проф погоди шут над Ем-Џеј и кога се враќаше назад му рече: „не можеш да ме чуваш со тие стари колена“.

-Јас веднаш си помислив, тајм-аут. Не можеш да му кажеш така на некого кој е „GOAT“ (најголем). Џордан збесна. Подоцна ми пријде и ми рече – добро, Рип, ти си добар човек, но твојот другар Проф е готов. Тој заминува и ти ќе останеш сам. Нема да ти останете пријателот, ќе останеш сам . Му одговорив: „Нема проблем, јас сум твој соиграч, -истакна Хамилтон.

Профит беше трејдуван во Орландо Меџик, клуб од кој потоа беше отпуштен. Потоа играше во Кина, Италија, ПортоРико, Аргентина, но се врати и во Вашингтон, а едно време кратко настапуваше за ЛА Лејкерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни