Поврзете се со нас

Македонија

Уште една победа за скопскиот тим: Феникс го надигра и Гостивар

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Кошаркарите на Феникс 2010 забележаа нова победа во најсилниот домашен шампионат, а нивна последна жртва беше Гостивар.

Домаќините славеа со 105:90 во дуел во кој клучната предност беше напревена во втората четвртина која беше добиена со 30:17, односно на одмор се замина со 58:41, позитива која беше сочувана во вторите 20 минути.

Ова за Феникс беше четврто славје во серија и во истото најмногу се истакнаа Рис со 27 поени и 10 скока и ветеранот Трајковски со дабл-дабл од 20 поени и 13 скокови, плус 6 асистенции.

На спротивната страна Играм беше прво име со  28 поени, 9 скокови и 7 асистенции.

Четата на Дервишевиќ сега има учинок 10-6, Гостивар пак со 5-11 е на 8 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни