Македонија
Уште една македонска легенда добива функција во ФФМ: Омерагиќ му зададе важно задолжение на Христов
Масар Омерагиќ денеска имаше брифинг со новинарите на кои одново ги презентираше идеите кои планира да ги спроведе на дело, но воедно го одработи и првиот работен ден како прв човек на македонскиот фудбал.
Уште на самиот старт, Омерагиќ одработи средба со своите први соработници и селекторот Благоја Милевски, со напомене дека и зададе важно задолжение на уште една македонска легенда.
Новиот претседател на средбата со новинарите откри дека Ѓорѓи Христов ќе биде нов технички директор на ФФМ, или во превод, ќе биде задолжен за работа и развој на сите младински селекции и фудаблската Академија во рамки на Федерацијата.
– Функцијата технички директор во ФФМ за мене претставува чест, но истовремено и голема обврска. Иднината на македонскиот фудбал е во младите, а тоа треба да го сфатиме во права смисла на зборот.
– Знаеме на каков начин во изминатиот период беа третирани младинските селекции, а посебно академијата. Нашата намера е да го смениме тоа, фокусот да биде во младите. Во програмата на новиот претседател на ФФМ, младинските селекции се еден од топ приоритетите. Заеднички ќе се обидеме да го реализираме тоа.
– Во разговор со Омерагиќ и Пандев заклучивме дека има голема „дупка“ од таа славна генерација која се пласираше на младинското Европско првенство и мора да се обидеме да го промениме тоа. Едукацијата на тренерскиот кадар и логистиката околу младинските селекции ќе трпи големи промени, а тоа ќе ни донесе резултат во иднина. Во тоа сум сигурен, – потенцира Христов кој постигна 16 голови на 46 настапи за македонската репрезентација.
-
Светски првенства17 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
АТП16 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Англија17 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
Репрезентација6 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП10 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија14 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Светски првенства14 часа
Ване за потегот на Перез Де Варгас: Доказ дека ракометот се уште е џентлменски спорт