Поврзете се со нас

НБА

Уште една легенда лута на Џордан: Големиот Скоти Пипен навреден од неговиот екс соиграч

Објавено

на

Документарниот филм во кој се зборува за кариерата на Мајкл Џордан, „Последниот Танц“ привлече огромно внимание во јавноста.

Јасно е дека овој документарец е меѓу најгледаните во моментов, а секојдневно во медиумите излегуваат вести поврзани со него.

Медиумите во САД пренесуваат дека разочран и навреден од филмот е легендарниот кошаркар на Чикаго Булс, Скоти Пипен.

Имено, Пипен бил разочаран од начинот на кој бил прикажан во филмот. Во еден сегмент од документарецот Пипен е прикажан како човек кој намерно го чекал почетокот на сезоната за да ја оперира повредената нога.

Очигледно тоа го повредило Скоти кој според зборовите на угледниот медиум „ЕСПН“ сметал дека Џордан го прикажал како себичен и арогантен во својот филм.

Во текот на вчерашнито ден уште еден поранешен соиграч на Џордан, Хaрас Грент „удри“ по легендарниот кошаркар и по неговиот најнов документарец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни