Поврзете се со нас

Свет

Уште една квалитетна партија на крилото: Костески без грешка против Тирол

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Никола Костески одигра уште еден квалитетен меч во дресот на Линц во првата лига на Австрија.

Овојпат поранешното крило на Металург беше перфектен во пресметката со Хандбал Тирол, односно ги реализираше сите пет удари кон противничкиот гол. Сепак неговиот тим не успеа да извлече позитивен резултат на оваа средба, поточно падна во завршница и му овозможи на Тирол да слави со 27-25 и со тоа да го задржи 100 процентниот учинок во шапионатот (четири и четири).

Костески и пријателите нова шанса за прв триумф во сезоната ќе имаат на 3 октомври кога ќе го пречекаат составот на Ферлах.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни