Поврзете се со нас

ВТА

Уште една голема тенисерка го откажа настапот на Ју-Ес Опен

Објавено

на

blank

Уште една голема тенисерка од првата десетка на ВТА листата го откажа настапот на Ју-Ес Опен.

Се работи за Романка Симона Халеп која одлучи да не го ризикува своето здравје и поради сите проблеми и пандемијата со коронавирусот да не настапи на големиот турнир во Њујорк.

-Откако ги разгледав сите фактори и последици од вирусот што нè опкружува, решив да не патувам во Њујорк и да не играм на Ју-Ес Опен оваа година. Здравјето секогаш ми е на прво место. Повеќе би сакала да останам во Европа и да тренирам. Знам дека организаторите направија големи напори да го направат настанот безбеден и на сите им посакувам успешен турнир, -истакна Халеп која ова сценарио од претходно го најави.

Освен Халеп досега своето учество во САД го откажаа Барти, Свитолина, Андреску, Бертенс и Бенчиќ, тенисерки кои во моментов се меѓу десетте најдобри на светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни