Уште една двоцифрена партија на Самарџиски во дресот на Самсунспор

pedja odbrana

Искусниот македонски центар, Предраг Самарџиски беше еден од најдоброите поединеци во дресот на Самсунспор на гостувањето кај Петким Спор во втората лига на Турција.

Самсунспор не успеа да направи изненадување и да слави против тимот кој е еден од главните кандидати за пласман за елитната конкурренција. Домаќините победија со 82-67 во средба во која резервистот Ишик со 21 поен беше најдобар поединец кај победник во чии редови доскорешниот играч на МЗТ Скопје, Хиндс уфрли 11 поени со 6 скокови и 3 асистенции.

Пеџа за Самсунспор за 30 минути даде 13 поени, 6 скокови и 3 асистенции.

Во следната рунда Македонецот и колегите се домаќини на Коњаспор.

Facebook Коментари