Поврзете се со нас

Шпанија

Уште една добра вест за каталонците: Барселона потпиша нов договор со талентираниот Кубарси

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Шпанскиот великан Барселона беше мирен во зимскиот преоден рок, но повлече доста потези во изминатиов период кога се во прашање играчите на кои им верува и кои во иднина треба да ја носат екипата.

Нови договори беа потпишани со Роналд Араухо, Жерард Мартин, Гави и Педри за да денеска соработката е продолжена и со Пау Кубарси. Талентираниот Кубарси ќе остане на „Камп Ноу“ најмалку до 30 јуни 2029 година.

Тој пред само 13 месеци дебитираше за првата екипа и експресно се наметна за да денеска е меѓу најважните играчи, фудбалер без кој не може да се замисли дефанзивата без разлика што има само 18 години.

Веќе има одигра 60 мечеви за најдобриот тим со кого пред некое време го освои трофејот во Супер Купот на Шпанија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни