Поврзете се со нас

Германија

Уште еден светски шампион одлучи рано да ја заврши кариерата

Објавено

на

Уште еден играч од шампионската генерација на Германија која триумфираше на Светското првенство во 2014 година одлучи да и стави крај на својата кариера.

Пред одредено време тоа го направи 29-годишниот Андре Ширле за да сега таква одлука донесе дефанзивецот, Бенедикт Ховедес. Ховедес кој во изминативе две сезони беше дел од Локомотив Москва одлучи да му каже збогум на фудбалот на 32 години.

-Сакав да играм фудбал до крај. Тешко е да се откажете од ова, ама можеби коронавирусот и натпреварите зад затворените врати беа пораките кои ги чекав за да ја завршам кариерата. Парите не се важни за мене, заработив доволно, -порача Ховедес кој во кариерата играше уште за Шалке и Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни