Уште еден славен шпански клуб со интерес за Столе Димитриевски

stole-dimitrieski

И шпанскиот тим Малага застана во редот за потписот на нашиот репрезентативец Столе Димитриевски.

Веќе од порано е познато дека за репрезентативниот чувар на мрежата постои интерес од Реал Бетис и Еспањо, а „Кадена Коуп“ сега јавува дека и тимот на Малага кој испадна од Ла Лига е заинтересиран за Димитриевски.

Медиумот пишува дека веќе биле остварени првите контакти помеѓу клупското раководство и претставниците на Димитриевски, а оваа недела ќе биде клучна во преговорите меѓу двете страни.

Доколку се пресели во Малага, Димитриевски со сигурност ќе биде стартер, додека ако направи трансфер во Еспањол или Бетис ќе биде резервен чувар на мрежата.

Сепак, медиумите во Каталонија пишуваат дека засега се уште не е стигната формална понуда за Димитриевски на адреса на Гимнастик Тарагона.

Facebook Коментари