Поврзете се со нас

Шпанија

Уште еден шпански прволигаш направи тренерска смена

Објавено

на

Foto:twitter.com/U_D_Almeria

Раководството на уште еден шпански клуб реши да направи тренерска смена, а по отказот за Рафа Бенитез од Селта Виго, таа судбина денеска го снајде и Гаизка Гаритано во Алмерија.

Фенерџијата досега освои само 10 бода и дефинитивно е блиску до втората лига, а првите луѓе решиле да го отпуштат Гаритано по серијата од речиси дваесет натпревари без победа.

Алмерија минатото коло ја изненади Севилја со ремито 2:2, но домаќините повторно останаа без посакуваната победа и се единствена екипа во Ла Лига без триумф сезонава.

Наследник на Гаритано ќе биде Пепе Мел, тој ќе ја води екипата на последните десет средби и ќе подготвува терен за очекуваната сезона во Сегунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни