Поврзете се со нас

Англија

Уште еден премиерлигаш ќе добие американски сопственик

Објавено

на

Премиер лигата стана тренд меѓу американските милијардери, па сега на ред е продажбата на Евертон, јавуваат англиските медиуми.

Актуелниот сопственик Фарад Мошири е во завршни преговори за продажба на Евертон, а за овој дил ќе заработи 400 милиони фунти.

Мошири инвестираше сериозно во клубот од „Гудисон Парк“, но тоа не донесе резултати на теренот, па сега решил да му го продаде премиерлигашот на Масиек Камински.

Актуелниот сопственик доби мнозинство од акциите во 2016 година, за две години подоцна да добие уште поголем сопственички удел. Сепак клубот доживеа удар и поради санкциите кон Алишер Усманов, кој британската влада го смета за соработник на Владимир Путин.

Потенцијалниот нов сопственик, Масиек Камински, е американски бизнисмен роден во Полска, кој раководи со инвестициски фонд тежок многу милијарди, а има и уште неколку успешни бизниси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни