Поврзете се со нас

НБА

Уште еден поранешен играч на МЗТ Скопје ќе игра во НБА-лигата

Објавено

на

Ретко можеме да се пофалиме со играчи кои преку Македонија стигнале во НБА лигата, но МЗТ Скопје за кратко време успеа да „произведе“ двајца кошаркари кои добиле ангажман во најсилиот шампионат на светот.

Сите добро го паметиме Хасани Гравет кој директно од Македонија односно без ниту една попатна станица заврши во редовите на Орландо Меџик. Ситуацијата со Нуни Омот не е таква, но „металците“ можат да се пофалат со тоа што центарот го има носено нивниот дрес, а сега ќе биде дел од Њујорк Никс.

Имено славниот состав од „Медисон Сквер Гарден“ објави дека африканецот се договорил со нив со тоа што детали за истиот не беа објавени.

Омот во Аеродром „слета“ во 2019 година, но се задржа само три месеци и одигра пет меча во АБА2-лигата со просек од 14,2 поени и 3,8 скока.

Тој потоа преку Холандија, Турција, Полска, Германија и Порторико пристигна во НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни