Поврзете се со нас

Шпанија

Уште еден медиум потврди, Пјаниќ многу блиску до трансфер на „Камп Ноу“

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден угледниот италијански медиум „Газета дело Спорт“ објави дека Миралем Пјаниќ се согласил за трансфер во Барселона.

Во текот на денешниот ден пак, весникот близок до каталонскиот клуб, „Мундо Депортиво“ на насловната страна го стави фудбалерот на Јувентус, а како наслов напиша: -Пјаниќ кажа „Да“ на Барселона.

Трансферот веројатно ќе се реализира како размена на играчи, но се уште не е познато кој фудбалер ќе се пресели во Торино како замена за босанскиот репрезентативец.

Јувентус првично го посакуваше младиот Артур, меѓутоа Бразилецот категорично отфрли можност за премин во Серија А, нагласувајќи дека сака да остане во Барселона.

Сега италијанскиот клуб своето внимание ќе го насочи кон Иван Ракитиќ за кого се интересираа и минатата сезона и ќе се обиде да ги добие неговите услуги во замена за тие на Миралем Пјаниќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни