Поврзете се со нас

Свет

Уште еден Македонец во Валјадолид: Димитриевски повторно ќе игра во АСОБАЛ лигата

Објавено

на

Шпанскиот ракометен прволигаш ќе има двајца Македонци во новата сезона откако за нив потпиша и Дарко Димитриевски.

Како што е познато претход тимот од АСОБАЛ лигата го договори некогашното крило на Вардар и Металург, Димитар Димитриоски за да сега стигне информацијата дека Дарко се вратил во Шпанија и потпишал за клубот во кој има уште едно познато име за македонската јавноста, некогашниот стратег на „црвено-црните“, Давид Писонеро.

-Многу сум среќен што можам да се вратам во Шпанија, да играм во Асобал и што можам да го носам дресот на Валаадолид. Како што знаете Асобал е позната лига за мене и мислам дека брзо ќе се адаптирам со моите соиграчи, тренери и навивачи. Заедно верувам дека ќе бидеме добра група и ќе имаме добри резултати оваа сезона, -порача Димитриевски.

Последен клуб на левиот бек беше Емстеден од Германија, а претходно освен во Македонија и Шпанија има настапувано во Катар, Унгарија и Израел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни