Уште еден Македонец во Финска: Талески ќе го чува голот на Хонка

davor talevski

Минатата седмица македонскиот репрезентативец, Дамјан Шишковски го официјализираше преминот во финскиот прволигаш Лахти, а пак сега стигна информацијата дека уште еден наш голман пронашол ангажман во оваа земја.

Станува збор за доскорешниот капитен на македонскиот прволигаш Победа, 22-годишниот Давор Талески кој се договори со Хонка за едногодишна соработка со можност истата да биде продолжена за уште една година ако двете страни се задоволни.

Facebook Коментари