Уште еден комичен момент од НБА лигата: Играч на Сан Антонио по вторпат сакаше да изведе аут (Видео)

Dejounte Murray

Натпреварите во НБА лигата дефинитивно носат комични и бизарни моменти, понекогаш и неразбирливи за таков вид на професионалци.

Таква ситуација од тој тип можевме одново да видиме на мечот кој утринава се одигра во Текас меѓу Сан Антонио Спарс и Мемфис Гризлис. Плејмејкерот на Спарс, Дежонте Мареј беше толку невнимателен и сакаше по вторпат да ја уфрли топката, откако тоа претходно го направи неговиот колега Треј Лајлс.

Лајлс му ја додаде топката на Мареј кој со истата излезе надвор од теренот за да започне акцијата. Ова дефинитивно ќе биде момент кој ќе се најде кај Шекил О Нил и неговата рубрика „Шектин А фул“.

Facebook Коментари