Поврзете се со нас

Англија

Уште еден играч си заминува од „Олд Трафорд“

Објавено

на

Навивачите на Манчестер Јунајтед во никој случај не смеат да бидат задоволни со тоа што го сработи нивниот тим на трансфер пазарот, посебно кога во прашање се новите аквизиции на клубот.

На „Олд Трафорд“ пристигнаа само Лисандро Мартинез, Тајрел Маласија и Кристијан Ериксен и според многумина тоа воопшто не е доволно за да се исполнат дупките кои ги имаше во тимот и минатата сезона.

Она што може да се каже дека е добро на „театарот на соништата“ е тоа што клубот се ослободи од многу фудбалери кои доста време беа под договор, а или не беа прва опција или воопшто не го прикажуваа тоа поради кое беа донесени.

Сега, се очекува уште еден играч да го напушти „Олд Трафорд“ на перманентна основа. Станува збор за стоперот, Ерик Баи за кого интерес има од многу тимови, но само два пројавиле интерес да го ангажираат перманентно.

Станува збор за Олимпик Марсеј и Монако кои се подготвени да издвојат пари и да го ангажираат Баи. За разлика од овие два тима, интерес за стоперот има и од Вест Хем, Фулам, Севилја, Милан и Рома, но сите тие сакале да го ангажираат на позајмица, нешто што не им одговарало на „ѓаволите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни