Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Уште еден голем резултат на фудбалерките: Барселона го реши Лион и ја одбрани титулата во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBfemeni

Женскиот тим на Барселона веќе некое време доминира во шпанскиот фудбал, но таа доминација веќе добива на поголемо значање затоа што се освојуваат пехари во Лигата на шампионите.

Клубот од Каталонија оваа вечер го совлада Лион со 2-0 и дојде до третиот пехар од 2021 година во ова натпреварување, односно единствената сезона во која останаа без тронот беше во 2022 кога токму денешниот ривал ги доби со 3-1 во Торино.

Финалето се играше на „Сан Мамес“ во Билбао пред повеќе од 50.000 гледачи, а двата најважни моменти се случија во второто полувреме кога прво најдобрата светска фудбалерка Бонмати го отвори резултатот за да во 95 нововлезената Путелјас стави точка на сите дилеми околу победникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни