Поврзете се со нас

Свет

Уште еден гол на Македонецот: Ѓорѓев го матираше и Вил

Објавено

на

Повремениот македонски репрезентативец, Никола Ѓорѓев продолжи со своите одлични партии и погодоци во дресот на Грасхоперс.

Во изминативе десеттина денови Ѓорѓев даде два гола против Арау, потоа го затресе лидерот Лозана за да сега погоди и против Вил во триумфот од 4-1. Никола влезе од клупата за резерви во 58 минута при резултат 1-1 за да 70 Буф стрела за 2-1, резултат кој беше активен се до судиското продолжниево кое Македонецот заедно со Руан Да Силва го потврдија убедливиот триумф и трите освоени бодови.

Со ова Ѓорѓев дојде до бројката од 6 погодоци, а зад своето име има и 6 асистенции во втората швајцарска лига. Грасхоперс е на второто место на табелата со 47 бодови, осум помалку од првопласираната Лозана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни