Поврзете се со нас

Англија

Уште еден фудбалер на премиерлигашки клуб заразен од коронавирусот

Објавено

на

Новиот бран испитувања во Премиер лигата открија уште двајца нови случаи позитивни на коронавирусот.

Сите инволвирани во фудбалот во Англиај се теситраат овие денови, а по направените 996 тестови беше потврдено дека две лица се позитивни на коронавирусот.

Првично не беше објавено дали станува збор за фудбалери или официјални лица, но сега од Борнмут излегоа соопштение и потврдија дека еден нивен фудбалер е заразен со опасниот вирус.

– Името на играчот нема да биде откриено, а од клубот бараме да ја почитувате оваа одлука. Во насока на протоколите од Премиер лигата, тој ќе оди во самоизолација во следните седум дена, -стои меѓу другото во соопштението од Борнмут.

Со двата нови случаи, сега бројката на позитивни фудбалски работници се искачи на осум. Процентот на заразени е многу мал, па затоа постои огромна можност фудбалот да се врати во Англија кон средината на јуни.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни