Поврзете се со нас

Италија

Уште еден „блок“ за Суперлигата: Италијанската влада објави дека е против ново натпреварување

Објавено

на

Од италијанската влада одлучиле да застанат против проектот кој го подготвуваа некои големи европски клубови со кој сакаа да формираат ново натпреварување.

Во официјално соопштение од владата се дава поддршка на УЕФА во спорот кој се води пред Европскиот суд на правдата.

Европската куќа на фудбалот цврсто застана против проектот за формирање на Суперлигата која според многумина ќе нанесеше штета на светскиот фудбал.

Меѓу иницијаторите за ваквиот проект се и италијанските тимови Јувентус, Интер и Милан кои останаа на ставот да се формира Суперлигата и се уште не се откажуваат од нивната намера.

– Советот на министри објавува дека италијанската влада одлучи да даде поддршка на УЕФА во борбата против Суперлигата во спорот кој се води пред Европскиот суд на правдата, -стои во соопштението од владата во Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни