Поврзете се со нас

Италија

Уште еден Аргентинец во Торино: Јувентус го купи „новиот Дибала“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус полека се отпишува од биткта за титулата во Серија А и полека почна да стануваат реални изјавите кои со месеци наназад ги даваше Макс Алегри, а тоа е дека главна цел на тимот треба да биде пласман во Лигата на шампионите.

Овој тим на Јувентус е во фаза на созревање и транзицијата не може целосно да се реализира преку ноќ, но мислејќи на иднината, клубот од Торино ангажираше уште еден интересен фудбалер кој може да понуди многу во иднина.

Јуве во зимскиот преоден рок го ангажираше Карлос Алкарас кој треба да има светла иднина пред себе, меѓутоа денеска ангажираше и далеку помлад сонародник на Аргентинецот.

Најтрофејниот италијански клуб се пофали со ангажманот на играчот кој во Аргентина се нарекува „новиот Дибала“, 16-годишниот суперталент на Бока Јуниорс.

Се работи за Франсиско Мартин Баридо кој наполнил 16 години на 1-ви јануари, а првично е ангажиран за фудбалската академија на Јувентус, од каде ќе чека шанса за пробивање во првиот тим.

Баридо беше следен од Барселона неколку години наназад, но битката за неговиот потпис ја доби Јуве кој за почеток му понуди договор во времетраење од две години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни