Уште две имиња кај новиот прволигаш: Гостивар ги собра талентираните Робев и Зекири

zekiri-robev

По потписот со повремениот македонски репрезентативец Филип Димчевски новиот прволигаш Гостивар денеска ги обезбеди талентираните Јетмир Зекири и Дамјан Робев.

Станува збор за младинските репрезентативци со што Гостивар ја потврди оти дефинитивно планира да биде развоен центар. Двајцата доаѓаат од екипата на Вардар, Зекири лани имаше 9,2 коша и 5,3 скока по натпревар во првата лига, додека пак Робев 6,9 поени, 3,1 скока и 1,8 асистенции.

Во младинската репрезентација до 20 години Робев имаше учинок од 13,7 поени, 7 скока, 2,9 украдени топки и 2,1 асистенција по натпревар.

Facebook Коментари