Поврзете се со нас

Шпанија

Уште долго ќе биде дел од великанот: Реал го „врза“ и Камавинга (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/footballespana_

Реал Мадрид е супер активен во изминатиов период кога се во прашање продолжување на договорите со дел од играчите, па така откако тоа прашање беше затворено со бразилската двојка Винисис Жуниор и Родриго Гоеш сега му дојде редот и на Едуардо Камавинга.

Нов потпис на „Бернабеу“: И Родриго ја продолжи соработката со Реал (ФОТО)

Винисиус откако стана најплатен играч на Реал Мадрид: Неверојатно, но не и невозможно! (Фото)

Камавинга од 2021 година е дел од шпанскиот великан, а според новиот потпис тој ќе треба да остане во Мадрид најмалку до 30 јуни 2029 година.

Французинот веќе има одиграно преку 100 натпревари за Реал иако има само 20 години, поточно во првите две сезони имаше можност да се радува на шест трофеи и тоа во Примера, Купот и Супер Купот на Шпанија, Лигата на шампионите, Европскиот Супер Куп и Светското клупско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни