Евролига
Уште четири екипи обезбедија билети за плејофот во Евролигата (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЦСКА Москва, Анадолу Ефес, Олимпија Милано и Фенербахче и се приклучија на Барселона на листата на екипи кои имаат обезбеден билет за плејофот во Евролигата.
ЦСКА и Ефес славеа над Зенит (86-74), односно Реал Мадрид (108-83) за 21. триумф во сезоната, додека пак Милано и Фенер беа подобри од Црвена Звезда (93-72) и Баерн Минхен (77-68) што беше доволно да дојдат до првичната цел, пласман во нокаут фазата на елитното натпреварувања.
Жалгирис со пресврт славеше над Алба Берлин (96-86), меѓутоа тоа не беше доволно за да ги задржи шансите за наредната фаза затоа што Басконија како гостин го доби Панатиникос во резултат 97-72.
Најпријатното изненадување го направи Макаби ТА кој го продолжението го „кутна“лидерот Барселона (99-94). Жижиќ со 24 поени беше најдобар поедининец, на каталонците не им беше доволен ниту дабл-дабл учинокот на Миротиќ (23 поени, 10 скокови).

- Англијапред 21 час
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 24 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Италијапред 18 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Шпанијапред 23 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 23 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 19 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 19 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо