Уште 11 дена до завршување на вториот круг на пријавување за Виз Ер Скопски Маратон

Skopski Maraton 2018

Виз Ер Скопскиот маратон во 2018. Година на несекојдневен начин ќе ги спои музиката и спортот, збогатувајќи ја програмата со нови активности кои имаат тенденција да го направат ова доживување незаборавно, како за учесниците, така и за публиката.

Се повикуваат сите бендови, поединци и DJ-и кои се полни ентузијазам, вистински предадени на својата музика и се сметаат за подготвени да станат дел од најмасовната спортска манифестација во Македонија, да се пријават и да земат учество во големиот настан каде ќе имаат можност да настапат и да ја промовираат својата музика, да ги мотивираат натпреварувачите и да ја забавуваат публиката за време на Виз Ер Скопски маратон. Повикот и пријавувањето ќе започне во јануари 2018, а сите детали ќе бидат објавени на веб страната на Виз Ер Скопски маратон.

Виз Ер Скопскиот маратон ќе се одржи на 6 мај 2018, и традиционално, како и претходните години ќе се состои од 4-ри трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон (4 х 10,5 км) и трка на 5км. Вториот круг на пријавувања завршува на 31 декември 2017 и се повикуваат сите заинтересирани да ги искористат останатите 11 дена за да се пријават по поволна цена во последните денови од 2017 година.

Воедно, организаторите истакнуваат дека пријавата на Виз Ер Скопски маратон може да претставува и одличен празничен подарок за некој близок, пријател или колега.

Facebook Коментари