Поврзете се со нас

Свет

Уругвајците немаа решение за Меси, Аргентина ја забележа првата победа на Копа Америка (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Аргентина славеше над Уругвај со 1-0 во дерби натпреварот од второто коло во групата А на Копа Америка.

„Гаучосите“ беа далеку поконкретни, упатија повеќе удари кон противничкиот гол и заслужено се изборија за прво славје на овогодинешното издание на ова престижно натпреварување на кое домаќин е Бразил.

Лионел Меси беше избран за играч на натпреварот, а причината за тоа е што постојано беше активен, ги разигруваше соиграчите, противниците не можеа да му ја одземат топката без да направат прекршок, плус воедно беше асистент на голот вреден три бода кој беше дело на Родригез во првото полувреме, погодок кој беше прв за фудбалерот на Бетис во националниот тим.

Во вториот меч Чиле ја потврди фаворитската улога и ја доби Боливија со 1-0 со голот на Бреретон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни