Поврзете се со нас

Свет

Уругвај со мајсторски акции „испука петарда“ во мрежата на Боливија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/golazo_america

Селекцијата на Уругвај ја забележа највисоката победа на досегашниот дел од турнирот на Копа Америка и тоа против Боливија која ја растури со 5-0.

Избраниците на Биелса приредија вистинско шоу, го уништија противникот на теренот, а притоа сите голови паднаа по мајсторски, школски акции.

Се тргна од погодокот на Пелистри во 8 минута за да потоа стрела и Нуњез за 2-0 на полувреме. Араухо, Валверде и Бентанкур пак погодоција во вториот дел за „петарда“ и максимален учинок по првите две кола во групата Ц.

Уругвајците се први со 6 бода, по 3 имаат САД и Панама, додека Боливија е на „нула“.

Веа направи глупост, Американците шокирани од Панама (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни