Светски првенства
Уругвај не ги искористи своите шанси, Португалија во осминафиналето на СП (Видео)

Португалија е третата селекција која обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство по Франција и Бразил, откако таканаречените „европски бразилци“ најдоа решение за незгодниот Уругвај во второто коло во групната фаза.
По тесниот триумф над Гана од 3:2, Португалците денеска имаа далеку потежок испит, кој успеаја да го решат и благодарение на лошата ефикасност на Уругвајците кои дефинитивно имаат за што да жалат.
Бентанкур не ја реализираше најдобрата шанса во првото полувреме и пропушти да го донесе Уругвај во водство, а во второто полувреме до израз дојде ефикасноста на Португалците.
По еден центаршут на Бруно, се доби впечаток дека Кристијано Роналдо запиша нов гол на Светските првенства, па иако истиот првично му беше препишан, потоа му беше одземен од ФИФА.
Во официјалниот записник како стрелец стоеше Бруно поради тоа што повторените снимки покажаа дека Роналдо не ја допрел топката, по што во наредните 15 минути, Уругвај пропушти три големи шанси за израмнување. Суарез и Араскаета беа блиску до гол, но најблиску беше Макси Гомез кој го погоди дирекот од голот кој го брани Коста.
Како по обичај, на спротивната страна пристигна казна за нереализираните шанси, а пеналот по играњето со рака во шеснаесетникот во гол го претвори Бруно за конечни 2:0 и пласман во осминафиналето.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Англијапред 24 часа
Фердинанд го охрабрува Челси да го урне трансфер рекордот: Тоа ќе биде лудо добар потег