Поврзете се со нас

Лига Европа

Урнебесното додавање на Елмас го најави пресвртот на Наполи, Тотенхем лесно се справи со Лудогорец (Видео)

Објавено

на

Денешните возбудувања во Лига Европа стартуваа со дури 12 натпервари од 19:00 часот, а еден од нив беше и оној во кој Наполи ја имаше улогата на гостин во Хрватска.

Тимот на Џенаро Гатузо доста лошо го стартуваше мечот со Ријека, но сепак успеа навреме да се консолидира и да дојде до израмнување кое беше добра најава за целосен пресврт во вториот дел. Елиф Елмас беше стартер во тимот на популарниот Рино и одигра точно 60 минути пред да биде заменет, време во кое на урнебесен начин ја започна акцијата за 1:1.

Македонскиот репрезентативец во обид да шутира лошо ја зафати топката, но истата со многу среќа стигна до Мертенс кој потоа асистираше до Деме. Претходно, Ријека поведе со голот на Муриќ, но во вториот дел хрватскиот тим уште еднаш потклекна, а овојпат со автогол на несреќниот Баут.

За Наполи ова беше втора победа во групата и изби на првото место со шест бода, но исто толку имаат и Реал Сосиедад и АЗ Алкмар.

На другите натпревари, фаворитот Тотенхем не погреши во Бугарија и со лесни 1:3 се справи со Лудогорец, додека Рома на домашен терен го торпедираше Клуж со 5:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни