Поврзете се со нас

Свет

Урнебесно видео: Синот на Суарез не го „рецка“ Меси, сопругата на Уругваецот мораше да реагира

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси се врати со повреда од Копа Америка и оттогаш нема одиграно ниту еден натпревар за Интер Мајами, но сепак Аргентинецот е составен дел од секој меч како фан на трибините.

Големата фудбалска ѕвезда го привлекува вниманието и кога не е на теренот, а сега од вип ложата се појави едно урнебесно видео кое брзо ги изнасмеа фановите.

Лео Меси и Луис Суарез ја продлабочија врската со сериозно пријателство надвор од теренот, па во ситуација кога често се среќаваат двете семејства, има и ситуации како онаа последната во Мајами.

Малиот син на Суарез, Лаутаро стана вирален хит поради ладната реакција во моментите кога се разминува Меси, а видеото е уште поинтересно бидејќи неговата мајка го учи на бон-тон.

На видеото се гледа како Софија го подучува Лаутаро дека не е културно да не го поздрави Меси, по што наследникот на Суарез мораше да отиде до Лео и да го исполни барањето на својата мајка.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни