Урнебесно видео: Најлошиот скијач на светот ќе ве изнасмее до солзи (Видео)

Adrian Solano

Дали некогаш сте чуле за Адријан Солано? „Не“-добро тоа и не е некој проблем бидејќи истиот тој ни се претстави на фантастичен начин на Светското првенство во нордиско скијање во финскиот град Лахти.

Имено тој за прв пат во својата кариера скијаше на снег, па можете да претпоставите како ја претстави својата држава Венецуела во дисциплината крос кантри.

-Иако не го знам снегот и немав можност да тренирам овде го давам најдоброто од себе. Можеби паднав многупати, но она што е најважно е дека ќе продолжам да се развивам, -напишал Солано на „Инстаграм“.

Инаку Солано требал еден месец да мине во Шведска и да тренира за настанот, ама неговиот прв обид да дојде до Скандинавија завршил неуспешно или поточно од Франција бил депортиран назад во Венецуела, бидејќи не му верувале дека скија или поточно го обвиниле дека сака да емигрира во нивната земја.

Facebook Коментари