Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Урнебесно видео на Лукас Мура со топката со која испиша историја против Ајакс: Спие, јаде, се мие со неа.. (Видео)

Објавено

на

Бразилскиот офанзивец од редовите на Тотенхем, Лукас Мура беше најзаслужниот што клубот од Северне Лондон направи неверојатен подвиг и успеа да го елиминира Ајакс во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Англискиот претставник имаше негатива по првиот натпревар одигран во Лондон (0:1), а на реванш средбата губеше со 2:0 на полувреме на „Амстердам Арената“.

Само чудо можеше да ги спаси тогаш избраниците на Маурисио Покетино, а како што ќе испадне подоцна, се чини чудото беше наречено Лукас Мура.

Бразилецот постигна три погодоци, два во 55. и 59. минута, а еден во последните секунди од натпреварот за огромна радост за англискиот тим.

Сега, додека се чека враќањето на Премиер лигата, Мура на социјалните мрежи објави урнебесно видео токму со топката од овој натпревар која сосема заслужено замина во негова сопственост.

На видеото се гледа како Бразилецот мие заби, јаде, спие, игра карти со оваа топка. Смешното видео веднаш се прошири низ социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни