Поврзете се со нас

Италија

Урнебесна споредба: Депресивниот Мурињо во Манчестер vs подмладениот Жозе во Рома (Фото)

Објавено

на

Жозе Мурињо освои трофеј во својата прва сезона во Рома и брзо стана вистински миленик на фудбалските тифози од главниот град, а страста и желбата за успеси се уште поголеми по одработениот летен преоден рок.

Португалецот ги искористи своите конекции и донесе неколку вистински засилувања, од кои дефинитивно најмногу се издвојуваат имињата на Пауло Дибала, Немања Матиќ и Џини Вајналдум.

Мурињо ќе располага со подобар тим од оној лани и беше доста насмеан на последните јавни обраќања, па поради тоа, сега пристигна и една урнебесна објава на социјалните мрежи.

Една фотографија од последниот прес на Рома со атрактивната презентерка наиде на многу споредби со депресивниот период од Англија, каде Мурињо беше максимално фрустриран во Јунајтед и на моменти изгледаше многу постаро од тоа што е денеска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни