Поврзете се со нас

СПОРТ ПЛУС

Урнебесна снимка од Франција: Го крена судијата од радост, па заработи црвен картон (Видео)

Објавено

на

Навистина неверојатна снимка пристигнува од Франција каде на рагби натпревар е случен еден од најчудните „инциденти“ во историјата на спортот.

Имено, рагбистот на екипата на Неверс, Џоисала Расик го подигна во воздух главниот судија на натпреварот откако тој досуди победа за неговиот тим.

Веднаш по овој потег, Расик доби заслужен црвен картон, а допрва за неговата казна ќе одлучува дисциплинската комисија во рагби федерацијата во Франција.

Ваквиот потег на играчот го осуди и тренерот на Неверс, Хавиер Пемеја кој истакна дека лично ќе разговара со Расик кого го очекува драстична казна.

– Ова не се толерира, ќе биде казнет од лигата и дисциплинската комисија. Јас ова не можам да го прифатам, ќе се пресметам со него. Не може вака да се однесува, -изјави Пемеја.

Инаку, Расик е познат во рагби јавноста во Франција како контроверзна личност, а во 2015 година бил исфрлен од тимот на Стад Франсиа поради инцидент во ноќен клуб во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни