Поврзете се со нас

Европски првенства

Урнебесна ситуација: Ламин и Нико играа „лист-камен-ножички“ по последниот судиски свиреж во Келн (Видео)

Објавено

на

Шпанија продолжи да ја воодушевува европската спортска јавност со изданието против Грузија и четирите гола во мрежата на Мамарадшвили се најдобар доказ за офанзивниот потенцијал на „фуријата“, која е навистина убиствена поради двете супербрзи крила по левата и десната страна.

Нико Вилијамс и Ламин Јамал направија разлика со своите генијални потези пред грузиските дефанзивци, а младите шпански репрезентативци ги освоија симпатиите и по последниот судиски свиреж.

Додека дел од играчите ја славеа победата по последниот знак на судијата Летесие, Ламин и Нико натпреваруваа со „лист-камен-ножички“.

Крилата на Шпанија имаа дилема кој прв да се освежи од шишето вода, а по три обиди, дуелот го доби крилото на Атлетико Билбао.

Нико Вилијамс постигна фантастичен гол на вчерашниот меч, додека Јамал имаше вонсериско додавање до Фабијан Руиз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни