Формула 1
Урнебесна сцена во Ф1: Неочекуван „натрапник“ се најде на Марина Беј, маршалите едвај го решија проблемот (Видео)
Последниот саботен тренинг пред закажаните квалификации донесе мали компликации за маршалите на Марина Беј, а причина за тоа беше „натрапникот“ на патеката.
Уличната трка во Сингапур донесе доминација на Мекларен во досегашните сесии и останува да се види дали тоа ќе биде потврдено и на квалификациите, но сцена на денешниот ден дефинитивно беше онаа со неочекуваниот „гостин“ кој се најде на патеката.
Поголем гуштер предизвика да биде покажано црвено знаме и да биде прекината сесијата на неколку минути, бидејќи маршалите имаат потешка задача да го уловат „натрапникот“.
Комичната сцена не ги остави рамнодушни ниту Ф1 ѕвезди, а во прв план се најде Даниел Рикиардо кој се смееше на урнебесната ситуација.
Откако проблемот беше решен, Ландо Норис постави најдобро време на последниот тренинг, Џорџ Расел беше за нијанса побрз од Оскар Пјастри, додека Макс Ферстапен пред квалификациите го освои четвртото место.
It wouldn't be Singapore without a lizard on track! 😁🦎#F1 #SingaporeGP pic.twitter.com/IsdVR2U0ok
— Formula 1 (@F1) September 21, 2024
-
Евролига22 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Италија23 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Лига на нации13 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Балкан15 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Лига на нации10 часа
Митровиќ со супер гол ја запечати победата на Србија, Шпанија во финишот ја „скрши“ Данска (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Иниеста за тврдењата дека е навивач на Реал: Кажани се работи…
-
Шпанија17 часа
Барселона се уште исполнува финансиски обврски кон Меси, Алба и Бускетс
-
Лига на нации14 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија