Поврзете се со нас

Англија

Урнебесна реакција на Мурињо кога од еден новинар му беше побарано да го заследи на Инстаграм (Видео)

Објавено

на

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо повторно се најде во центарот на јавноста со една негова реакција на прес конференцијата пред натпреварот со Манчестер Сити.

Португалскиот стратег во последно време е доста активен на социјалната мрежа Инстаграм на која брзо собра доста следбеници кои уживаат во неговите секојдневни објави.

Еден од новинарите се реши да се пошегува со Мурињо на прес конференцијата и побара од него да го заследи на Инстаграм, а реакцијата на стратегот на Тотенхем беше урнебесна и веднаш стана вирална.

– Уживам во вашите објави на социјалните мрежи, мислам дека треба да ме заследите и вие, -му рече Јан Абрахамс, новинарот на „Токспорт“ на Мурињо.

Португалецот само направи гримаса, молчеше неколку секунди и потоа само изјави „Во ред“. Ваквата реакција на Мурињо брзо се прошири на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни