Поврзете се со нас

Свет

Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SantosFC

Нејмар остави навистина добар впечаток на првиот натпревар во својата втора фудаблска авантура во Сантош, клуб кој отсекогаш му бил омилен на бразилскиот фудбалски мајстор.

Поранешната ѕвезда на Барселона се врати онаму кадешто почна и рано утрово ги воодушеви навивачите на Сантош со низа атрактивни потези, но мора да се признае дека влезот во мечот не му беше најидеален.

Неј доби шанса на стартот на второто полувреме, а по неполна минута на теренот, доби удар на најболно можно место.

Едно додавање од противникот заврши во меѓуножјето на бразилската суперѕвезда, по што Нејмар експресно се најде на земја и ја прекина играта на неколку секунди.

Во продолжение, новиот напаѓач на Сантош режираше низа дриблинзи со кои потврди дека е максимално мотивиран, па за очекување е оваа втора етапа во матичниот клуб да биде максимално возбудлива за него.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни