Поврзете се со нас

Германија

Урнебесен момент на натпреварот од Бундеслигата: Милер го учеше Коста како да се постави во живиот ѕид (Видео)

Објавено

на

Екипата на Баерн Минхен славеше очекувана и убедлива победа против Арминија Билефелд со 4:1 во натпреварот од 4. коло од Бундеслигата.

„Баварците“ уште во првиот дел си ја завршија работата откако имаа убедлива предност од 3:0, па Ханси Флик имаше можност шанса да им даде и на играчите кои не се најредовни во составот.

Шанса за настап доби и Даглас Коста кој оваа сезона ќе ја помине како позајмен фудбалер во редовите на Баерн Минхен што значи негово враќање во клубот по неколкуте сезони минати во Јувентус.

Токму Коста беше креаторот на најурнебесниот момент на средбата кога се местеше при еден слободен удар на противникот.

Се почесто се гледа како некој од играчите кои го бранат слободниот удар легнува зад живиот ѕид, а задачата за такво нешто му припадна баш на Даглас Коста.Бразилецот не знаеше да се намести, па примаше совети од Томас Милер и уште некои од играчите кои дополнително го збунија.

Оваа ситуација беше навистина интересна а со насмевка на лицето ја проследи и инволивраниот Коста кој на крајот се намести со лицето свртено кон Мануел Ноер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни